ВИДЕО: СДСМ лути на Џафери, бараат одговор зошто ја прекина седницата

Од:

Јован Митревски, координатор на пратеничка група на СДСМ рече дека синоќа пратениците од мнозонството биле подготвени да донесат одлука со која на судот ќе му овозможат непречено да продолжи со процесот за 27 април, но Џафери ја прекина седницата и не дозволи гласање. Џафери и должи одговор на јавноста зошто ја прекина сендицата, рече на денешната прес-конференција, Митревски.

Кворум имаше и подготвеност имаше, бараме приниципиелност. За Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за сите други. По синоќешните случувања, СДСМ не присуствувале на координацијата кај Џафери, рече Митревски.

Денес нема услови да продолжат останатите активности во Собранието, рече Митревски и додаде дека јавноста бара одговори дали синоќа имало некакви калкулации.

Митревски не одговори на прашањата на какви калкулации алудираат и дали и СДСМ се вмешани, а одби одговори и што се случи со барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски кое остана на дневен ред на седница, која не се одржа по повеќе од еден месец.

 

Галена Николовска-Ризвановиќ 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски