СДСМ бара дијалог за Законот за јазиците, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека е неуставен

Од:

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата му дава шанса на дијалогот во однос на Законот за употре на јазиците. Веруваме дека преку разговори, со коалициските партнери, но и со опозицијата ќе се изнајде решение во интерес на Република Македонија и на нејзините граѓани. Ова го наведува во пишаната изјава координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев, откако вчера не беше постигнат договор за над 35.000 амандмани на законот и седницата беше уште еднаш одложена.

– Очекуваме дека сите ќе ја препознаат важноста на моментот, ќе препознаат дека е неопходен дијалог во интерес на реформите, кои се неопходни и услов за нашиот интегративен пат во ЕУ и НАТО. Реформите кои што треба да ги спроведеме во краток рок и со определена динамика, не дозволуваат блокирање на Собранието и на неговата работа, посочува Тунтев.

Не посочувајќи детали за вчерашните обиди да се изнајде решение, ниту пак, дали е точно дека пратеници на СДСМ не сакале да гласаат за законот доколку со амандманите не се постапи согласно Деловникот, Тунтев истакнува дека неговата пратеничка група останува на ставот дека е потребно заокружување на процесот на усвојување на Законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Република Македонија.

– Тоа е во интерес на сите граѓани во Република Македонија. СДСМ цврсто верува во концептот едно општество за сите, наведува Тунтев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека тие очекуваат и веруваат оти премиерот Зоран Заев и власта ќе останат на ставот дека за нив се приоритетни реформите и дека тоа ќе го реализираат.

– Законот за употреба на јазиците не е дел од приоритетите за приближување кон ЕУ, ниту е дел од европскиот пакет, а тоа го кажаа и највисоките европски претставници кои беа во Македонија. Ние остануваме на ставот дека законот е неуставен, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Претедателот на Парламентот Талат Џафери синоќа изјави дека им дал седум дена на политичките партии да изнајдат решение за над 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците.

Седницата за амандманите беше закажана за вчера иако немаше политички договор. Дел од пратениците на СДСМ, според Џафери, не сакале да гласаат за законот доколку со амандманите не се постапи деловнички. ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ги повлечат амандманите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години