СДСМ: Арифи, Лутфиу и Ристовски да не си играат пинг понг со ученици за партиски цели!

Од:

Недозволиво е градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и Министерството за образование да си играат пинг понг со ученици!

Бараме просторниот проблем што го имаат учениците во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ надлежните институции веднаш да го решат. 

Децата веќе еден месец губат настава и ќе им биде голем проблем надоместувањето на часовите што е веројатно дека ќе има одраз и врз нивниот успех.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и министерот за образование Пиштар Лутфиу се од иста партија, ДУИ, а заменикот министер Спиро Ристовски е од нивниот коалициски партнер, партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.

Безобразно е Никола Груевски и Али Ахмети повторно за партиски интереси да посегнуваат по меѓуетнички провокации, користејки малоленти деца – средношколци.

Граѓаните веќе им испорачаа на Груевски и Ахмети одговор, дека не поминуваат нивните игри на меѓуетничка карта и сценирани проблеми.

По изборите во декември, новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди просторни, кадровски и наставни услови за квалитетно образование за сите ученици во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски