СДСМ: Анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски се виновни што не отвораме поглавја

Од:

Политиката на блокади на анти ЕУ ДПМНЕ и Мицкоски го изблокира и евоинтеграцискиот пат на државата, сметаат од СДСМ.

„Пораките од Брисел можеа да бидат сосема поинакви, победнички, да се објави дека државата продолжува со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, дека продолжува нашиот евроинтеграциски пат.

Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Тие се виновни што не отвораме поглавја. Неисполнувањето на обврските за уставни измени е кочница на понатамошниот пат кон ЕУ.

Народот уште еднаш можеше да се увери дека со овие политичари ќе биде лишен од можноста забрзано да се приклучи на прогресивното европско семејство.

Граѓаните знаат да проценат кој за каква иднина на државата се бори.

ДПМНЕ е истата партија која 11 години владееше со лажен патриотизам, квазинационализам и популизам, што доведе до целосно заробена држава, изолирана од меѓународната заедница и скарана со соседите.

СДСМ не се откажува од европската перспектива на државата и граѓаните. Местото на Северна Македонија е во Унијата. СДСМ продолжува да работи на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски