(ВИДЕО) СДСМ: Амди Бајрам носел мртви души на гласање

Од:

На вечерашната трибина на СДСМ во „Универзална сала“, презентиран беше и разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорничка во врска со избирачки места каде има луѓе од Пустец, како и за луѓе од Гази Баба и од Кавадарци кои се дојдени да гласаат во Центар.

Во втората аудиоснимка од овој блок, беше посочено дека Амди Бајрам земал идентитети од умрени и нашол луѓе да гласаат за нив.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Амди бајрам е цар бе.
С: хахаха, што праи?
МЈ: А?
С: Што праи?
МЈ: Недџет Мустафа и овој се жалеа што му напраил Амди, како ги победил. Знаеш што му напраил?
С: Што им напраил?
МЈ:…. нели избирачкиот список беше прочистен заклучно со 2011 така?
С: Да.
МЈ: Ги зел сите умерени во 2012 година што се, по список…
С: И?
МЈ: И пуштил луѓе да гласаат во нивно име.
С: Ај што збориш? И? Тоа некој го знае?
МЈ: Е па он така вика…
С: Го фатиле?
МЈ: Му викам, му работи мозокот викам.
С: Као може да пушти, као ќе докаже дека се оние. Лична карта, ова она?
МЈ: Па ништо, си оди за некоја жена што е почината. Кој гледа…
С: Добро, ама мораш да дадеш лична карта. Што старата лична карта ќе ја дадеш?
МЈ: Е па не гледале овие идиотиве.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски