СДСМ: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ истепаа наш член

Од:

Денеска околу 2 часот наутро во Гевгелија, група активисти на ВМРО ДПМНЕ извршиле физички напад врз член на раководството на локалниот клуб на млади на СДСМ, каде му се нанесени тешки телесни повреди. Нападот е пријавен во СВР Гевгелија, информираат од Центарот за комуникации со јавност на Сојузот за иднината.

Ваквиот инцидент, додаваат оттаму, е најдобра потврда дека режимот го фаќа паника и затоа склучува пакт со поединци од најдолните слоеви на општеството кои треба да ги одработуваат нивните мизерни сценарија.

ВМРО-ДПМНЕ многу се лаже ако мисли дека може на ваков начин да ги заплаши активистите на СДСМ. Ниту овој инцидент, ниту било каков следен обид за сеење страв нема да влијае на изборниот резултат на 24 март. Напротив, ваквите кукавички и срамни постапки на ВМРО-ДПМНЕ само дополнително го зголемуваат гневот и ги мотивираат граѓаните да го казнат овој ненароден режим“, се наведува во соопштението за јавноста кое го лиферуваше СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус