СДСМ: Ако некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, зошто молчеле три и повеќе години?

Од:

Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години? Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО?, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја попречат правдата, ама неуспешно.

Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Мицкоски ќе прифти се што бараат СДСМ и Левица за Изборниот законик, ама дијаспорта не ја дава

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче