СДСМ: Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си

Од:

„Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот.

Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.

Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став?

Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните.

Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност.

Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!

Граѓаните се за светла иднина наместо небиднина.

На 30 септември, граѓаните ќе дадат поддршка за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен македонски идентитет.

ДА за македонската иднина!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците