А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Аеродром: Чии раце завршија во новогодишниот „мед“ од 33 илјади евра?

by А1он24/12/2022 - 13:444501
Share0

Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија два милиони денари (33 илјади евра) пари на граѓаните на Аеродром за културни манифестации во крајно сомнителни околности велат од оптинската организација на СДСМ Аеродром.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Советот на Општина Аеродром одобри 1,2 милиони денари за организација на музичките фестивали Базарфест и Винодром кои овој викенд се одржуваат под мотото „Подари среќа“. Додека 800 илјади денари беа одобрени за организација на лошо организираниот и слабо посетен Дромфест кој се одржа минатиот викенд. На последната седница на Советот на Општина Аеродром ниту Муцунски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не дадоа одговори на прашањата поставени од советничката група на СДСМ и коалицијата, додека советниците од Левица потврдија дека активно се вклучиле во организацијата на Дромфест се наведува во соопштението од СДСМ Аеродром.

Велат дека градоначлникот Муцунски треба да одговори на нивните прашања.Го повикуваат Муцунски пред граѓаните на Аеродром да одговори на следните прашања:

– Зошто 1,2 милиони денари се доделија на здружение со назив Еквилибриум-Скопје кое до пред само 2 недели било регистрирано со дејност „поддршка и развој на спортот“? Зошто на спортско здружение му се даваат 20 илјади евра, да организира 2 големи музички фестивали (Винодром и Базарфест) за само 2 дена? Зошто музичкиот фестивал Дромфест за кој се потрошија 800 илјади денари беше организиран од Здружение за ракотворби Домаќинки на Македонија? Какво искуство има здружението за ракотворби со организацијата на музички фестивали? Зошто документацијата за апликациите на јавниот оглас не е дадена на увид на Советот? Дали се плашеа дека ќе откриеме дека Крафт продукција и маркетинг агенцијата Идеа Лаб стојат позади здруженијата на домаќинките и спортистите кои се јавуваат во улога на организатори? Или дека ќе излезе на виделина дека токму Крафт продукција и Идеа Лаб ги организираа Пиволенд и ред други настани за Град Скопје со градоначалниците Данела Арсовска и Коце Трајановски? Каква е улогата на советниците на Левица во организацијата на музичкиот дел на Дромфест се вели во соопштението од општинската организација на СДСМ од Аеродром.

Следете a1on на Youtube YouTube

ж

dpmneopstina aerodromsdsmtimco mucunski

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски14/10/2026 - 15:5614/10/2026 - 16:01

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:19

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ12/10/2026 - 15:2212/10/2026 - 15:24

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Горан Наумовски12/10/2026 - 12:13

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:1512/10/2026 - 09:43

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он10/10/2026 - 14:1510/10/2026 - 14:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео