СДСМ: 90% лаги на Орце, од 30 капитални ветувања нема остварено ниту едно

Од:

Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој по четири години неуспешно управување со Кисела Вода, сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје.

Неговите најголеми невистини се дека има „90% реализација на програмата“, рече на прес конференција, Емил Николовски – кандидат за советник во Град Скопје

Денеска со нови конкретни примери за ветувања на Орце коишто никогаш не станаа реалност го покажуваме неговото вистинско лице, уште еднаш.

Орце ветуваше „Туристичко Драчево“, ревитализација на старата чаршија, уредување на пешачки зони и културна понуда за развој на домашен туризам. Но, четири години подоцна, населбата остана во запуштена состојба, без ниедна реконструирана фасада, без осветлување, без сигнализација, без туристичка понуда.

Ѓорѓиевски ветуваше субвенции и проекти за изградба на зелени покриви на јавни и станбени објекти, како дел од борбата против загадувањето и урбаната топлинска изолација.

Не само што не е имплементиран ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик. Една голема 0.
Орце ветуваше велосипедски патеки, катни гаражи, базени, спортски сали – четири години само рендери и фотографии, ниту еден реален објект.

Од 30 капитални ветувања во изборната програма, Орце нема испорачно ниту едно.

Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери и раскошни ПР кампањи, додека граѓаните живеат во депонии, прашина и мрак.

Кисела Вода стана симбол на застој и корупција.

И сега истиот човек бара доверба за цело Скопје? Скопјани не се наивни.

Скопје не е експериментална зона за нови лаги! Скопје заслужува вистински план и луѓе со визија, не празни ветувања и ПР. Скопје заслужува реални проекти, отчетност и работа за граѓаните, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев