СДСМ: 350 милиони денари да се употребат за лицата без дом, а не за наводен барок

Од:

„Градот Скопје треба веднаш да се откаже од изградбата на нови барокни фасади. Само за оваа намена, Коце Трајановски планира да потроши дополнителни 350 милиони денари во 2017 година.

Овие пари треба да се пренаменат за згрижување бездомни лица и социјално најзагрозени граѓани. Но, не само неколкумина и тоа сместени во недостоинствени услови, туку да се реши проблемот за сите граѓани кои се посебно во тешка ситуација на студеното време.

Останатите пари, Град Скопје треба да ги пренамени за мерки против загадувањето на воздухот.

Граѓаните избраа промени на парламентарните избори и гласаа против криминалните политики на Никола Груевски и на Коце Трајановски.

Затоа потребно е волјата на мнозинството граѓани да се преточи во институциите коишто ќе се грижат за нивните реални потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците