СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Од:

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.  Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација, се наведува во соопштението на СДСМ ко во продолжение следува интегрално:

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо – македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси – елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард