СДСМ: 2021 е година на антикорупција, секој што ќе го прекрши законот мора да се соочи со одговорност

Од:

„Борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет за СДСМ, а со стратешката рамка „Акција 21“ на Владата, оваа борба станува посилна и поефикасна со зајакнување на сите капацитети кои се борат против високата корупција.

Ова е време на ред, правда и дисциплина. Секој што ќе го прекрши законот, ќе мора да се соочи со одговорност, без разлика дали е функционер или не. Време е за поставување ред во институциите“, велат СДСМ.

„Во првите шест месеци од годинава, во соработка со УСАИД ќе се спроведе тест за проценка на интегритетот на членовите на Владата и нивните советници и надворешни соработници, со цел подобро воочување на евентуални слабости во поединечните сектори со што корупцијата ќе се превенира навремено.

Започнува и реализација на проектот за Интероперабилност меѓу антикорупциските институции кои одговараат пред Владата, со што се овозможува безбедна и ефикасна размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција.

На овој начин се очекуваат брзи и ефикасни резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција, веќе никој нема да смее да затајува, забавува и закочува случаи во кои постојат сомнежи за корупција.

Следува зајакнување на правниот систем преку доекипрање и дигитализација на истражните центри во Јавното обвинителство, како и електронски систем за инспекција.

Граѓаните треба да ја препознаваат корупцијата и не треба да се плашат, ниту да се двоумат да ја пријават. Се воведува повикувачки број преку кој сите лица и физички и правните ќе можат да пријават ненавремено постапување на надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

СДСМ како одговорна партија ги носи европските стандарди дома и се води по принципот нулта толеранција кон корупцијата.

Така се гради праведно и правично општество, така се гради држава што оди напред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески