СДСМ: Лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ е дека Десковска користела службено возило

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е во голем очај, за што потврдуваат лажните вести, министерката Дескоска не користела службено возило за партиски цели, реагираат од СДСМ.

Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на идеи со кои би настапило пред граѓаните, да се користи со лажни вести со цел манипулација на истите.

Па така, денес ВМРО-ДПМНЕ повторно ја излажа јавноста дека министерката за правда Рената Дескоска користела службено возило за партиски цели,за кое што лично демант до јавноста испрати и самата таа.

Ова не е времето на ВМРО-ДПМНЕ кога сите државни ресурси се користеа за лични и партиски цели. Тоа време заврши со заминувањето од власт на оваа партија.

Денес државните ресурси се користат исклучиво за намената за која се, а тоа во никој случај не се приватни или партиски потреби.

Разбирлива е нервозата и паниката која владее кај ВМРО ДПМНЕ, со оглед на тоа дека се свесни дека на престојните претседателски избори ќе доживеат дебакл.

Колку сме поблиску до денот на изборите ,толку повеќе се нижат лажните вести и измислени сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

СДСМ: Зошто повторно се случи голема хаварија во РЕК Битола

Од:

Повторно се случи голема хаварија во РЕК Битола и повторно, штетата се изразува во милиони денари. Овојпат “жртва“ на лизгањето на земјиштето беше најголемиот јагленосен багер КУ(ка-у) – 300 кој делумно е затрупан, онеспособен и оштетен. Ние сме свесни дека некои работи не можат да се предвидат, посебно ако зависат од каприците на природата, но често, пред ваквите несреќи постојат индиции кои не смеат да бидат игнорирани, велат од СДСМ.

Го прашуваат раководствата на А.Д ЕЛЕМ и РЕК Битола:

  • Зошто со соодветни техники на ископ не се изврши навремено растеретување на критичната локација?
  • Зошто, оваа хаварија се случува по втор пат на истото место, само што овој пат штетите се многу поголеми? Очигледно, некој или не сака или не може нешто да научи од сопственото искуство.
  • Како вработените во РЕК Битола да се чувствуваат безбедни кога во комбинатот хавариите станаа правило наместо исклучок?
  • Колку овојпат е предизвиканата директна или индиректна штета и како таа ќе се одрази врз идното покачување на цената на струјата?

На крајот, велат, би можеле да го извлечеме следниот логичен заклучок, изминатите 7 години ВМРО-ДПМНЕ мисли само како да ги задоми своите партиски војници наместо да го сочува нашиот најголем рударско-енергетски комбинат и безбедноста на неговите вработени. Со нивната политика директно се загрозени иднината на РЕК Битола и самоодржливоста на електро – енергетскиот систем на нашата држава.

Токму затоа, граѓаните на Р.М. ќе ја поразат ваквата штетна политика на неизбежните предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов