СДСМ: 12 години Ѓорче Петров беше заборавена општина заради ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заборавени општини. 12 години ВМРО-ДПМНЕ имаше локална власт во општина Ѓорче Петров и не направи ниту еден единствен проект што е од интерес на граѓаните и општината, реаgира СДСМ на прес конференцијата на Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

“Ѓорче Петров беше заборавена општина цели 12 години кога ВМРО-ДПМНЕ имаше целосна локална и централна власт.

Заради лични и бизнис интереси, Ѓорче Петров уназадуваше и тонеше, а граѓаните немаа елементарни услови за нормален живот.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски се посветени на развој на општината и спроведување проекти што се во интерес на граѓаните.

За одговорното и домаќинско работење сведочи фактот дека општина Ѓорче Петров е една од трите општини која во 2018 немала долгови, а долговите направени од ВМРО-ДПМНЕ се вратени за само една година.

Се гради водоводната мрежа во село Никиштане населено место кое со години беше заборавено од ВМРО-ДПМНЕ. Привршува поставувањето на фекална канализација во населеното место Волково.

Се поставува колектор за атмосферска канализациска мрежа во наслебата Дексион, а наскоро започнува и јавна набавка за модернизација на јавното осветлување во општината.

Обезбедени се средства за изградба на кружен тек во Волково со што се решава деценскиот сообраќаен проблем на граѓаните од тој дел од Скопје.

Веќе ова лето ќе започне изградба на базен во училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“, а за првпат спортска сала ќе добие и училиштето „Јоаким Крчовски“.

Ова се само дел од мерките што се спроведуваат во општина Ѓорче Петров кои имаат за цел локален развој и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. Локалната власт предводена од СДСМ продолжува со одговорно, домаќинско и транспаретнтно работење кое е во
интерес на граѓаните.”, објаснува СДСМ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра