СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето и свесно ги уништуваше зеленилото

Од:

„11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето и свесно ги уништуваше зеленилото и животната средина.

Заради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се зголеми сиромаштијата. Катастрофа предизвикаа во енергетиката, заради личното богатење на поединци, укината беше евтината тарифа на струјата, а цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто.

Стотици илјадници семејства беа приморани да преминат на загревање со нееколошки енергенси, со што загадувањето значително се зголеми.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како прв човек на АД ЕЛЕМ директно придонесоа за интензивирање на аерозагадувањето.

Наспроти, таквиот игнорантски однос кон граѓаните и животната средина, денес Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции секојдневно спроведува мерки за решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Интезивно се работи на проектот на гасификација којшто е стратешки приоритет на Владата редводена од СДСМ, проект што ќе ги намали трошоците на граѓаните и компаниите, но истовремено ќе придонесе и за намалување на загадувањето на воздухот.

Обновувањето на изгубеното зеленило и засадување на ново, поголем инспекциски надзор и контрола на големите загадувачи, детектирање на дивите депонии, набавка на нови еколошлки автобуси, поставувањето на прочистувачи на воздух во училиштата и градинките се само дел од низата мерки што секојдневно се преземаат за надминување на проблемот со загадениот воздух.

За разлика од погубните политики на ВМРО ДПМНЕ кои влијаеа на зголемување на аерозагадувањето, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции остануваат силно посветени на решавање на овој сложен децениски проблем“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар