СДММ: Слушни го и ти режимот на Груевски!

Од:

“Ало, шу праиш? Мислам, ние сме лудаци… Трошиме на леб, а немаме за чоколадо… Лежи на земја, Сашо Мијалков ме намести, лелелеле… Ќе му ја запалиме кафаната… Да ги сотреме…Гледај нашите да се чисти…40 гласачи во една куќа, а жители нема толку во селото…”

Oва се само дел од информациите што можат да се прочитаат во флаерите изработени во облик на мобилен телефон, преку коишто деновиве младите социјалдемократи ги информираат граѓаните, пред се младите низ повеќе општини низ земјава.

СДММ започна кампања –  Слушни го и ТИ режимот на Груевски, при што ги известува граѓаните како може да ја слушнат Вистината за Македонија.

Реакциите се охрабрувачки. Речиси и да нема млад човек кој не е запознаен со аферата за прислушување. Молкот е заменет со храброст.

Веќе секој говори за началникот Мијалков, кој уредува вести, наредува апсења, мести судии… За разговорите на Јанкулоска и Ставрески коишто откриваат дека Буџетот е празен, дека градоначалници се криминалци, или ја откриваат суровоста со којашто тие се дрзнале да решаваат човечки судбини. За притисоците на Јанакиески и Трајковски, за изборниот грабеж, за криминалите на Водно во коишто е директно инволвиран Груевски…

Се распадна системот на контрола на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние можеме да слушнеме како оваа нелегитимна власт си поигрува со нашите животи и со Македонија.

Продолжуваме да ја споделуваме вистината. Промените во Македонија стануваат реалност.

SDMM flaer 2

SDMM flaer 3

SDMM flaer 4

SDMM flaer 5

SDMM flaer 6

SDMM flaer 7

SDMM flaer 8

SDMM flaer 9

SDMM flaer 10

SDMM flaer 11

SDMM flaer 12

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски