Сашо Мијалков со лозинка можел лично во секое време да прислушува, тврди СЈО

Од:

Во кривичниот суд по неколкумесечно одлагање почна судењето за масовното прислушување „Таргет Тврдина”.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека ова е судски процес кој ќе испише нова историја во Македонија, ќе го одбележи времето и ќе остави силна порака за идните геенрации.

Со ова обвинение, како што рече Ристоска ќе се потврди она во кое граѓаните се сомневале: „Немој по телефон, можеби не’ прислушуваат“.

Обвинителката рече дека Сашо Мијалков, тогашниот директор на УБК, бил главен организатор на злосторничкото здружување кое прислушувало масовно без судски наредби.

„Искористувајќи ја функцијата, моќта и авторитетот, првин се обидоа да ја негираат ситуацијата велејќи дека не се автентични, за потоа да тврдат дека се сечени, лепени и монтирани“, рече Ристоска.

„Обвинетиот Мијалков имал преглед на сите броеви кои биле предмет на незаконското следење на комуникациите“, рече обвинителката.

Таа во воведниот говор рече дека секој од припадниците на злосторничкото здружување имал своја улога и задача во групата.

Првин, покрај Мијалков, во групата биле бегалецот Горан Грујевски, началник на петтата управа и Надица Николиќ, вработена во УБК.

Подоцна на групата и’ се приклучиле Владимир Варелов, Марјан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоноска.

По налог на Мијалков, а без судска наредба, било спроведено масовното прислушување. Овие вработени во УБК, ги транскриптирале разговоритр и му ги предавале на Горан Грујевски, надвор од системот за следење на комуникациите.

Варелов, според обвинението, внесувал лично телефонски броеви по налог на Грујевски. Сведокот Зоран Костовски, бил техничка поддршка на прислушувањето.

Имал задача да креира на компјутерите кориснички имиња и лозинки и на барање на организаторите и членовите на групата, им дал пристап до прислушуваните материјали на нивните лични компјутери во работните простории.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски