САС на МПЦ-ОА со забелешки за новата концепција за основното образование и за антицрковни тенденции

Од:

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) денеска соопшти дека има значајни забелешки во однос на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и на новата концепција за основното образование, коишто ќе бидат доставени до надлежните институции.

САС на МПЦ-ОА категорично се придружува во борбата за почитување на човечкиот живот, здравје и слобода, како и против дискриминацијата од секој можен вид, но истовремено инсистира на тоа дека секој обид за систематско ревидирање на вредностите и погледите кои произлегуваат од православното христијанство претставува чин на дискриминација, се наведува во соопштението од Синодот, кој вчера на својата редовна седница расправал за тековните црковни активности, а со посебно внимание, како што се посочува, за актуелните состојби, случувања и појави.

Од Синодот потсетуваат дека „државата е должна да обезбеди воспитание и образование во согласност со верското убедување на родителите, што значи и дека никој нема право да наметнува воспитание и образование на децата спротивно на верското убедување на нивните родители“. Во прилог на тоа, Синодот смета дека програмата на предметот „Етика во религиите“ безусловно треба да најде соодветно место во новата концепција во текот на целото основно образование.

– САС на МПЦ-ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на православната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се дава повод за соблазна на верниот народ. Оние што стојат зад платформите: „Слово против сектите“, „Соборно православие – анализи“, „Православна Македонија“, „Свето Православие“, „Слово Божјо“, „За последните времиња“, „Симон Киринејски“, „Манастир Св. Гаврил Лесновски“ и некои други, љубовно се повикуваат да го напуштат клеветничкиот и соблазнувачки дух и да се вратат во послушание кон Светата Црква, се нагласува во соопштенито.

Поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата кај нас, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи.

Исто така, Синодот искажува загриженост за најавената постапка за менување на улици во градот Скопје на заслужни црковни и национални дејци.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски