Санта Аргирова е предлогот за нов уредник на Информативната програма на МТВ

Од:

Санта Аргирова ќе биде предлогот на СДСМ за уредник на Информативната програма на МТВ, дознава А1он. Утре е договорениот рок кога најголемата опозициска партија на лидерската средба ќе го предложи името на уредникот, кој во 100-те дена пред изборите, ќе се избори за рамноправен третман на политичките субјекти во изборната трка и професионалност на вестите на Јавниот сервис.

Информацијата не е официјално потврдена, но А1он дознава дека од неколкуте кандидати во најтесен избор останале две имиња, и двајцата познати новинари со стаж во МРТВ, и дека Аргирова е една од нив.

santa 1

Предлогот за Аргирова треба да биде прифатлив за сите потписнички на договорот.

Санта Аргирова новинарската кариера ја започна во МТВ, работеше во надворешно-политичката рубрика, потоа во МНР во кабинетот на министерката Илинка Митрева, ТВ Телма и Алфа.

Нејзиниот став за медиумската сфера и за Јавниот сервис е јасен: граѓаните заслужуваат вистинска и навремена информација, и затоа медиумите треба да работат професионално, а МТВ да е Јавен сервис, а не сервис на било која политичка гарнитура.

Во последните години, иако не се откажува од новинарството, препознатлива е и по влегување во други води. Нејзиниот првенец, „Патот за Дрезден“, наиде на одличен прием и кај публиката и кај критиката. Својата дарба ја докажа и во втората книга „Добро утро Јаков“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија