Санкционирани гевгелиските доктори кои се сликале за време на интервенција

Од:

 Во врска со објавените информации во дел од медиумите со наводи дека доктори од Општата болница во Гевгелија се сликале во операциска сала за време на интервенција, директорот на таа јавна здравствена установа, Сретко Јованов денеска соопшти дека веднаш по добивањето на информацијата се преземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот.

Согласно Законот за здравствена заштита (член 186,став 1,точка1), истакнува Јованов, станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.
Тој посочува дека за целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај, кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување, Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), каде е вработена една од докторките од случајот.

Воедно, Општа болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата, додава Јованов во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот