Санкционирани 94 возачи во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР, и додаваат дека само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 94 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила, три за возење под дејство на алкохол, 25 мерки за непрописно паркирани возила.

Оттаму посочуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Истовремено апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава