Санкционирани 90-тина возачи во полошко

Од:

Деведесетина возачи кои превезувале патници со технички неисправни возила вчера биле санционирани во полошкиот регион.

Во засилените контроли кои се во насока на зголемување на безбедноста на сообраќајот, тетовската полициска станица проверила 103 возила од кои 71 возило било испратено на вонреден технички преглед. Од нив, 18 биле технички неисправни, три со неисправни уреди и опрема, а два со помината регистрација. Пет возачи не користеле сигурносни појаси, а еден превезувал повеќе патници од дозволеното.

Од СВР Тетово информираат дека за откриените пропусти и недостатоци изречени се 64 платни налози и шест покани за наплата на глоба, а 19 возила се исклучени од сообраќај.

Контроли вчера реализирало и гостиварското Полициско одделение за безбедност на сообраќајот. На ова подрачје биле опфатени 63 возила кои вршат јавен превоз на патници. Од нив, 35 се испратени на вонреден технички преглед и тоа 20 комбиња и 15 автомобили.

При прегледот утврдено е дека девет возила биле технички непрегледани, пет нерегистрирани, а кај седум е констатирана неисправност на сопирачките. Три возила не располагале со потребната опрема.

За прекршоците изречени се 24 платни налози, а 12 возила се исклучени од сообраќај.

Лицата кои управувале возила со неисправни сопирачки ќе се соочат со глоба од 400, а оние без технички преглед со глоба од 300 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево