Санкционирани 88 возачи на територија на општина Чаир

Од:

Во текот на вчерашниот ден на територија на општина Чаир изречени биле 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11, осум за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 23 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ