Санкционирани 74 возачи поради брзо возење на територијата на СВР Штип

Од:

На територијата на СВР Штип денеска во периодот од 8 до 14 часот спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 74 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што се посочува, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

– При тоа 26 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен е гостиварец кој со „ролс-ројс“ возеше 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово

А1он

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Mакедонски државјанин на автопатот кај Ниш возеше со 214 километри на час – плати казна од 850 евра

А1он

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски