Санкционирани 63 возачи на возила за јавен превоз на територијата на државата

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12.00 до 16.00 часот, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци, кои ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што биле санкционирани 63 возачи.

– При контролата, 53 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 38 возила имале неисправен уред за запирање, известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за патиштата да бидат што побезбедни.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он