Санкционирани 60 пијани возачи изминатиот викенд

Од:

СВР-Скопје за време на викендот спроведе зајакната сообраќајна контрола при што санкционира 349 учесници за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 60 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 34 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 31 возач, кај седум лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 20 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а 14 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Изречени се четири прекршоци за некористење на сигурносен појас, 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 19 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 74 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се два прекршока, еден прекршок за непрописно престигнување, утврдена е техничка неисправност кај две патнички моторни возила и со пајак службата подигнати се вкупно 83 возила.

Освен во Скопје акциска контрола во текот на викендот беше спроведена и на подрачјето на СВР – Битола при што вкупно ср контролирани 242 возачи.

Кај 175 возачи извршени се  алкотестирања од кои утврдено е присуство на алкохол кај 20 возачи. Вкупен број исклучени возачи од сообраќај е 20 додека пак бројот на одземени возачки дозволи 18. Издадени се вкупно 20 платни налози и 16 мерки по останати прекршоци.

Министерството за внатрешни работи најавува дека и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски