Санкционирани 438 возачи во Скопје, 43 казни за возење без дозвола

Од:

Вкупно 438 мерки се изречени на територија на град Скопје, од кои 43 се за возење без возачка дозвола, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Девет мерки се изречени за нерегистрирани возила и исто толку за технички неисправни возила, а 27 санкции се за користење на мобилен телефон.

Исто така, изречени се 14 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 за управување под дејство на алкохол, 40 санкционирани пешаци, 82 мерки за непрописно паркирани возила, 53 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се и 31 санкција за неносење заштитна маска.

МВР информира дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози