Санкционирани 36 лица кои возеле без возачка во Скопје, 16 под дејство на алкохол

Од:

При акциски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени 461 мерка.

За возење без возачка дозвола, како што соопшти МВР, се изречени 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози