Санкционирани 335 возачи поради брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи.

Од нив, како што се посочува, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он