Санкционирани 33 мотоциклисти на подрачјето на Штип

Од:

Санкционирани се 33 мотоциклисти на подрачјето на Штип во акциска контрола спроведена синоќа, од 20.00 до 02.00 часот.

За време на контролата за прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли во сообраќајот биле констатирани 47 прекршоци од кои 33 по акциската контрола и сите биле соодветно санкционирани.

-При контролата биле санкционирани 22 мотоциклисти поради некористење заштитен шлем – кацига, двајца возачи поради управување возило без возачка дозвола, а поради измината важност на регистрацијата одземени се девет мотоцикли, по чл.344 од ЗБСП. За време на контролата откриени и законски санкционирани се 14 останати прекршоци, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози