Санкционирани 282 возачи на мотоцикли, 169 од нив не користеле кацига

Од:

На територијата на Република Северна Македонија, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 282 возачи на мотоцикли, 169 од нив не користеле заштитна кацига за време на возење а 51 возеле без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вкупно 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Од вкупната бројка, 45 прекршоци што ги чинат возачите на мотоциклисти биле евидентирани во Скопје.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта и напоменуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ