Санкционирани 27 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

Од:

Тринаесет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, пет со лесни телесни повреди и шест со материјална штета се случиле вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од МВР информираат дека санкционирани се 27 возачи, бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената.

Исто така, исклучени се и 17 возачи, бидејќи 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол.

Деветнаесет возила се исклучени од сообраќај, бидејќи 17 биле нерегистрирани и две технички неисправни. Санкциониран е возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, еден неправилно се престроил, а друг неправилно престигнувал. Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, додека исто така 64 возила се подигнати со „Пајак”.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози