При засилени акциски контроли на полицијата во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, 19 за возење под дејство на алкохол, седум прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 19 за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 57 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.