При зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, вчера полицијата казнила 243 возачи, од кои 108 биле исклучени од сообраќај.
-Од нив, 151 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 53 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.