Санкционирани 210 возачи во Скопје, 81 за пречекорена брзина и 23 мотоциклисти

Од:

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје, полицијата вчера изрече вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска, велат од полицијата.

МВР соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци