Санкционирани 193 возачи, двајца возеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното

Од:

При зајакната сообраќајна контрола на Министерството за внатрешни работи вчера се санкционирани 193 возачи на територијата на Република Северна Македонија. Од нив пет возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Како што информираат од МВР, 68 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 125 надвор од населено место.

Оттаму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози