Сообраќајната полиција санкционирала 176 возачи во текот на вчерашниот ден на територија на општина Карпош.
Од нив, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, 24 биле за возење без возачка дозвола и 15 за нерегистрирани возила.
Од МВР повторно апелираа до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголеми безбедноста во сообраќајот.