Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.
Од нив, како што се посочува, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.