Санкционирани 147 возачи поради непрописно престигнување

Од:

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државава, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив, 61 на територијата на СВР Тетово, а 25 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли, како што посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози