Санкционирани 145 возачи на мотори и автомобили во Скопје

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 19:30 до 1:00 часот спровело зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, санкционирани се 21 возач на мотоцикли кои сториле прекршоци.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози.

Вчера, пак, од 6:00 до 24:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спровело акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, евидентирани се вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози