Санкционирани 144 возачи во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се 144 санкции.

-Од вкупниот број санкции, 24 се изречени за возење без возачка дозвола, 13 за недавање предност на пешаци, десет за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возач почетник, шест прекршоци што ги чинат пешаците, 28 мерки за непрописно паркирање, информира МВР.

Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава