Санкционирани 109 возачи во населбата Драчево, 36 за брзо возење

Од:

На територијата на населба Драчево во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои 36 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Исто така, санкционирани се и 15 возачи за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава