Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле санкционирани 105 возачи. Од изречените 105 мерки, за брзо возење биле казнети 27 возачи, 10 за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.