Санкциониран 21 возач за брзо возење на територија на СВР Велес

Од:

На територијата на СВР Велес денеска во периодот од 08:00 до 20:00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 21 возач.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на изречени санкции, 14 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а седум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево