Санкции за брзо возење за 661 возач

Од:

На територијата на целата држава вчера се изречени 661 санкција за возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, во рамките на зајакнатата акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи.

Од нив, како што информира МВР, 105 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 со над 70 километри на час. Притоа, 315 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава