Санкции за 185 возачи за брзо возење во СВР Тетово

Од:

На територија на СВР Тетово денеска во периодот од 10 до 15 часот се санкционирани 185 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

Од нив, како што посочи МВР, 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место. За сите се подготвени соодветни пријави.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава