Санирано оштетувањето на мостот во Драчево

Од:

Големата дупка на мостот во Драчево за која информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е санирана.

Од Јавното Претпријатие „Улици и патишта“ соопштија дека санирањето било извршено за неполни 24 часа.

„Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево“, велат од претпријатието.

Мостот денес од 13 часот е пуштен во употреба.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он