Самоубиство во Аеродром: Била или не силувана 20 годишната девојка

Од:

Случајот со 20 годишната Стефани која вчера утрото беше најдена мртва пред зградата во скопската населба Аеродром во која живеела се повеќе се заплеткува. Според сведочењата на мајката, Стефани и се пожалила дека таксистот кој утрото ја носел дома ја силувал, по што решила да си го одзеде животот. Од МВР пак, велат дека таму никој не пријавил силување.

Од Министерството за внатрешни работи за А1он велат дека телото на девојката е на обдукција и до овој момент немаат никакви детали, па не можат да кажат дали девојката била силувана или не.

Според нив, единствена пријава која стигнала до нив е за нарушување на јавен ред и мир, односно таксистот кој ја носел девојката дома пријавил дека бил физички нападнат од страна на 39 годишниот А.З. кој неофицијално е близок пријател на мајката на девојката.

Од МВР информираат дека таксистот бил удиран со клоци по главата и телото од кои имал видливи повреди, по што е констатиран прекршок против јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он