Само Карпош планира да потроши над 100.000 евра за Нова Година

Од:

Општините започнаа со подготовки за дочек на Нова Година. Неколку од нив веќе објавија тендери за украсување на улиците и организирање огномет.

Според јавно достапните информации на Бирото за јавни набавки огласи за новогодишно ускрасување и декорирање на улици објавиле повеќе општини.
Меѓу оние кои доставиле јавен оглас се Карпош, Кисела Вода, Валандово, Струмица, Велес и општина Ѓорче Петров.
Најгалантна меѓу општините кои објавиле оглас за новогодишно украсување е Карпош. Оваа скопска општина проценила дека за изработка и реализација на украсување и декорирање на дел од улиците на нејзина територија и организирање на огномет се потребни 7.627.118 милиони денари или околу 120.000 евра без вклучен ДДВ.
nabavki_karpos
Скопската општина Кисела Вода проценила дека за новогодишно украсување и се доволни 1.694.915 денари или околу 27.000 евра што е за четири пати помалку во однос на општина Карпош.
nabavki_kvoda
Со четири пати помала сума за украсување или идентична како на Кисела Вода е онаа на општина Струмица.
Општинската администрација проценила дека за оваа услуга без вклучен ДДВ се доволни 1.694.915 денари или околу 27.000 евра.

nabavki_strumica
Скопската општина Ѓорче Петров пак за празнично и новогодишно украсување планира да потроши 1.700.000 денари или околу 27.500 евра без вклучен ДДВ.

nabavki_gpetrov
Најскромна околу тоа колку пари ќе потроши за украсување и огномет е општина Валандово. Тие проценели дека за оваа услуга се доволни 800.000 денари или околу 13.000 евра без вклучен ДДВ што во однос на Карпош е за речиси девет пати помалку.

nabavki_valandovo
Општина Велес засега има објавено оглас за поставување и демонтирање на новогодишна елка и украсни елементи. Проценката на оваа услуга е 300.000 денари или околу 5.000 евра без вклучен ДДВ.
nabavki_veles
Општина Карпош околу парите кои планира да ги потроши за Нова Година приближно му парира на Град Скопје, кој за оваа намена од касата планира да одвои околу 150.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош